Македонските параолимпијци стрелци настапија на Европското првенство со воздрушно оружје што се одржа од 3 до 7 декемри во Белград, Србија, на кое учествуваа 122 спортисти од 27 држави.
Од македонските стрелци најдобар успех постигна Оливера Наковска Бикова освојувајќи го седмото место во финалето. Претходно, во квалификациите стрелаше 559 кругови и како третопласирана влезе во финалето. Во финалните борби работите не тргнаа како што посакувавме, и мораше да се задоволиме со седмото место. Сепак, влез во финале на голем спортски настан е достоен за почит, истакнуваат Македонскиот параолимписки комитет.
Македонската репрезентација беше во состав: Оливера Наковска Бикова, Ванчо Каранфилов и Александар Јовановски (стрелци) и Бранимир Јовановски-тренер. Александар Јовановски постигна свој личен рекорд од 550 кругови и го зазеде 13-то место во конкуренција на 26 натпреварувачи, додека Ванчо Каранфилов со 546 кругови го зазеде 17-то место.
Следен натпревар на нашите параолимпијци треба да биде Светскиот куп во Ал Аин, ОАЕ во февруари 2019 година, а настапот е неизвесен поради немање на доволно средства.

Оливера Наковска – Бикова седма на европското во стрелаштво во Белград
More from СпортMore posts in Спорт »
- Одбојкарките на Пелистер Волеј со гостинска победа
- Со сигурна игра Пелистер го победи Куманово во Битола (фотогалерија)
- “Двојката“ со гол на крајот на натпреварот дојде до реми
- Фудбалерите на Пелистер со лесна победа и три бода остануваат во врвот на табелата
- Тренерот Спасев пред натпреварот со Куманово: само фокус и придржувањето до планот за игра низ целиот натпревар





