Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Работник со +10 гола лесно победи и во Струга

Струга – Еурофрам Работник 19:29 (9:15)

Еурофарм Работник продолжува со победите, а овој пат во редвното коло ја победи екипата на Струга на гостување во истоимениот град. Лидерот на табелата на Супер лигата дојде д9 убедлива победа со +10 гола (19:29), полувреме 9:15.

“Фармацевтите“ со оваа победа само го потврдија квалитетот кој го имаа оваа сезона, а екипата на домаќинот немаше прилика да дојде до нешто повеќе од чесен пораз, бидејќи гостите од Битола за брзо направија разлика од 5-6 гола, на полувреме се замина со +6 за Еурофарм Работник 9:15.

Во второто полувреме исто така дојдоа брзо до +10, а со таа разлика и заврши натпреварот во Струга.

Најефикасен во екипата на Еурофарм Работник беше Филип Кузмановски со десет гола, а кај Струга најефикасен Петровски со 5 гола, кој е позајмен на оваа екипа од Еурофарм Работник.

Еурофарм Работник останува лидер на табелата со 37 бода на табелата.