Press "Enter" to skip to content

Кошаркарите на Пелистер со -58 се враќаат од Гостивар

Гостивар – Пелистер 118:60

Спортска сала “Младост“ во Гостивар

Гледачи: 1.500

Судии: Феревски, Лајков и Петровски

Гостивар: Тасовски 1о, Димчевски 15, Костовски 5, Шагариќ 17, Фустингер 27, Димитриевски 14, Зекири 19, М. Димитриевски 3, Р. Димитриевски 6, Јаневски 2, Стефановски.

Пелистер: Давков 2, Голубовиќ, Талевски 1, Харис 20, Билер 22, Арсовски. Илиевски 11, Атанасовски, Трсунов 2, Обедниковски, Ѓоргиевски 2, Трајковски.

Екипата на Пелистер и по паузата од три седмици продолжи со поразите во Првата македонска кошаркарска лига, а овој пат од гостувањето во Гостивар се враќа со најтешкиот пораз од екипата на Гостивар изразен со – 58 поени, 118:60.

Првата четвртина беше колку толку рамноправна и заврши со 26:21 за домашните, а по втората (25:15) на одмор се замина со 15 коша минус за Пелистер 51:36.

Продолженито, односно третата четвртина беше кобна за “пелистерци“ кога домашните направија +24 (39:15), а последната четврина беше небитна за двете екипи по толкава разлика (90:51) и заврши 28:9, за конечни 118:60.

Најефикасен кај Пелистер, беше Билер со 22 поени, а Харис постигна 20 поени.