Press "Enter" to skip to content

Рутинска победа на Пелистер во Велес

Борец – Пелистер 20:37 (7:19)

По неизвесноста околу откажувањето или продолжување на натпреварите од Супер лигата, екипата на Борец од Велес одлучи да го одигра натпреварот против екипата на Пелистер, на кој се поразени убелдиво со 20:37, полувреме 7:19.

Екипата на Борец настапи со комбиниран младински состав, а така екипирани домаќините, не беа ништо повеќе за Пелистер, освен за лесен тренинг натпревар.

Ова е нов пораз за домаќините кои имаат само порази, а екипата на Пелистер е на третото место на табелата.