Press "Enter" to skip to content

Кадетките на одбојкарскиот клуб Пелистер втори во групната фаза (фото)

Пелистер Волеј – Скопје Волеј (2:0) (25:14; 25:12)
Пелистер Волеј – Планет (2:0) (25:07; 25:16)И на третиот одбојкарски турнир кој одбојкарките на Пелистер Волеј, кој се одигра во Битола векендов, постигнаа максимален учинок победувајќи ги екипите на Скопје Волеј и Планет со убедливи 2:0.Кадетките на Пелистер или како ја нарекуваат “третата екипа“ на Пелистер Волеј ја завршија групната фаза со скор од 5 победи и 1 пораз, па така со 10 бода од максимални 12 е на втората позиција.Ова позиционирање во врвот на табелата е резултат на одлилниот подготителен период и на одличните игри проследени со многу работа и дисциплина, а сега очекуваат противник по мерка во 1/8 финалето, продолжување кон зацртаниот Ф4 турнир и борба за шампионска титула.