Press "Enter" to skip to content

Митревски, Чурлевски и Кузмановски тројца битолчани на списокот на Раул за Светското првенство

На списокот на селекторот на машката ракометна селекција се наоѓаат пет ракометари на Еурофарм Работник кој низ подготовките ќе бараат место во селекцијата за Светското првенство во Данска и Германија.

На поширокиот список на ракометари кои ќе ги започнат подготовките за наредното Светско првенство во ракомет кое започнува на 11 јануари против репрезентацијата на Јапонија, се наоѓаат тројца битолчани: Никола Митревски – голман (Констанца, Романија), Филип Кузмановски и Филип Чурлевски – бекови (Еурофарм Работник).

Селекторот Раул Гонзалез на поширокот список на ракометари за престојното СП има ставено и пет ракометари на Еурофарм Работник, а покрај  Кузмановски и Чурлевски Гоце Ојлески, Горан Крстевски и  Никола Маркоски.

Натпреварите од првата групна фаза македонската селекција ќе ги игра во Минхен, Германија, а покрај Јапонија ќе игра и против репрезентациите на Бахреин, Хрватска, Шпанија и Исланд.

More from СпортMore posts in Спорт »