Press "Enter" to skip to content

Кошаркарите на Младост го прославија Св. Стилијан-заштитникот на децата (фото)

Кошаркарскиот клуб Младост традиционална како и секоја година го прослави верскиот празник Свети Стилијан, кој е позната како светец-заштитник на децата.
Активностите околу празнувањето на светецот започнаа кога дел од членовите на клубот заедно со тренерот Горјан Стојановски беа во црквата “Св. Димитрија“ да “кренат“ леб за здравје на сите во клубот. 
Потоа беше организирана забава каде членовите на Младост беа домаќини на своите врсници од кошаркарските клубови на ЖКК Пелистер и КК Јуниор со кои оваа година заедно настапуват во младинските лиги во Првата женска лига под името Пелистер.
За да забавата биде комплерна се погрижи ди-џеј Мартин, а тренерот Горјан Стојановски упати голема благодарност до сите членови на Младост како и нивните семејства кои несебично помогнаа околу набавката на храна и безалкохолни појалоци.
-Ваквиот начин на одбележување на нашиот светец Св. Стилијан го практикуваме повеќе години, а можам само да ги пофалам децата-членовите на клубот кои од срце помагаат овој настан да се одржи. Имаше одлична атмосфера кај сите, сите се дружевме, а ова е најава за празниците кои следат, додава Стојановски.
More from СпортMore posts in Спорт »