Press "Enter" to skip to content

Пелистер победи во последниот натпревар оваа година (фото)

Пелистер – Вардар Јуниор 41:27 (18:10)

Ракометарите на Пелистер во последниот натпревар оваа година ја победија екипата на Вардар Јуниор убедливо, а победата ја најавија уште на стартот на натпреварот кога поведоа со 6:0 во шестата минута. На средината на првото полувреме резултатот беше 12:6, а полувремето заврши 18:10.И во второто полувреме “пелистерци“ започна со исто темпо, а по 10 минути беше 23:10, а на средината на полувремето разликата беше 13 гола позитива за Пелистер 32:19.  

Младите на Вардар Јуниор до крајот на натпреварот не успеаја да ја намалат разликата, а на 5 минути до крајот беше +14 за Пелистер (39:25). До крајот на натпреварот тренерот на Пелистер и даде шанса на сите ракометари, а натпреварот заврши 41:27.

Ова беше последен натпревар на Пелистер, а ова беше прв натпревар од 14 коло.

More from СпортMore posts in Спорт »