Press "Enter" to skip to content

Во Битола поразена и екипата на Универзитет Тетово

Пелистер Волеј – Универзитет Тетово 3:0 (25:23; 25:21; 25:15)

Одбојкарките на Пелистер Волеј продолжуваат со одличните игри и победи на свој терен во Битола, во “својата“ спортска сала во Медицинското училиште, а овој пат нивна “жртва“ беше екипата на Универзитет Тетово.

Тетовчанки беа поразени во рамките на 10. коло од Првата државна лига со максимален учинок од 3:0 во сетови.

Со оваа победа новите три бода, пред последното коло, Пелистер Волеј е речиси сигурено во првата група од шест екипи, односно во во плеј-офот.

-Супериорно ниво на игра и борба за секој поен, а одбрана на опваа средба беше на највисоко ниво, односно се бранеше секоја педа-секој милиметар од теренот со сите сили. Овој пат можам само честитки за девојките за ова ниво за пожртвуваноста и дисциплината, а другото го кажаа самите на теренот, вели тренерот Роберт Митковски.

Останува последното 11 коло во кое одбојкарките на Пелистер гостуваат кај последно пласираната Македонија Макс од Струмица која до сега нема освоено ниту еден бод, па затоа се надеваат на нови бодови.

More from СпортMore posts in Спорт »