Press "Enter" to skip to content

Нов пораз на кошаркарите на Пелистер од МЗТ

Пелистер – МЗТ Скопје 71:83

Спортска сала “Јане Сандански“ во Скопје

Гледачи: 200

Судии: Митровски, Михајловски и Стојчевски.

Пелистер: Арсовски 4, Голубовиќ 10, Харис 15, Обедниковски 2, Билер 22, Захариевски 2, Илиевски 8, Давков 2, Атанасовски 3, Трајковски 3, Трсунов, Талевски.

МЗТ Скопје: Стојановски 14, Маслинко 15, Мамузиќ 5, Тодоровски 6, Магдевски 9, Митев 6, Бојиќ 23, Иванов, Водард, Медфорд, Исајловски, Стојановски.

Кошаркарите на Пелистер редовното 10 коло од Првата кошаркарска лига наместо домаќини во Битола, како домаќини го играа во Скопје со салата “Јане Сандански“, каде очекувано се поразени од екипата на МЗТ Скопје.

“Пелистерци“ одиграа нерешено 20:20 во првата четвртина, а во втората четвртина МЗТ имаше предност од 19 коша (13:29), а на одмор се отиде со предност на МЗТ 33:49. Продолжението продолжи во третата четвртина 13:18, а последната четвртина беше резултатски во корист на Пелистер 25:16, но поразот беше неминовен.

Последниот натпревар екипата на Пелистер го игра гости, а ќе ги пречека екипата на Охрид на 22 декември.

More from СпортMore posts in Спорт »