Press "Enter" to skip to content

КБК Енерџи со четири сребра се врати од “Balkan best fajters“ во Ниш (фото)

Кик-боксерите на КБК Енерџи од турнирот “Balkan best fajters“ кој се одржа викендов во Ниш, Србија се враќаат со четири сребрени медали, што секако е голем успех за клубот, бидејки таму настапија со пет борци.

Тренерот на КБК Енерџи Александар Димовски – Димса за настапите на своите борци вели:

-Во Ниш отпатувавме со пет борци кои беа добро подготвени да се борат со било кој противник. Одлично го почнавме натпреварувањето и по првите борби на сите кик-боксери имавме обезбедено четири финалиња и борби за златен медал. Но во финалињата никој од моите боксери не стигна до злато, но и ова е успех за нив и мотив да работат повеќе и веќе на следното меѓународно натпреварување да стигнат до најсјаниот медал. Сега иако горко, сепак имаат искуство плус кое им е неопходно на младите кик-боксери.

Сребрени медали освоија:

Никола Бубевски – сениор, -81 кг. (lowkik),

Марија Кичевска – јуниор, – 60 кг. (lowkik),

Ивона Кечевска – постар кадет, – 60 кг. (kik-lajt), и

Ана Марија Наумовска – постар кадет, – 55 кг. (kik-lajt).

Добар настап на овој “Balkan best fajters“ имаше и Михаил Ситниовски, кој настапи како помлад кадет во категорија +47 кг. (kik-lajt).

More from СпортMore posts in Спорт »