Press "Enter" to skip to content

Ракометарот на Пелистер, Кире Митревски, успешно опериран

Ракометарот на битолски Пелистер, бекот Кире Митревски, деновиве беше успешно опериран во Универзитетската клиника “Св.Наум Охридски“ во Скопје, а операцијата поминала одлично.

Митревски вели дека операцијата помина во најдобар ред, а за неговото колено се погрижи проф. д-р Небојша Настов, кој ја изврши операцијата.

Митревски по операцијата го посети Владе Николовски кој во име на клубот му ги пренесе желбите за побрзо опоравување и враќање во дресот на Пелистер.

Кире Митревски се повреди на гостувањето во Охрид.

More from СпортMore posts in Спорт »