Press "Enter" to skip to content

Утринска богослужба во црквата “Св. Никола“ во Боримечка (фотогалерија)

Утрово верниците од населбата Боримечка, а и голем број битолчани од другите населби беа во црквата посветена на Свети Никола каде се одржуваше утринската богослужба посветена на овој светец.Богослужбата која ја извршија три свештеници ја организираше отец Никола кој е во свештеник во оваа црква, а кумови на годинешната прослава на денот на Свети Никола беа Кате, Бети, Светлана и Марјан.Марјан Стефановски еден до кумовите за кумството вели:-Свети Никола не ни  куќна слава, но сам се пријавив да бидам кум на одбележувањето на денот на големиот светец Свети Никола, а заедно со свештениците, кумите и сите верници кои сме тука во оваа црква да се помолиме да здравје и благосостојба на сите битолчани.Иако, Свети Никола оваа година е со бела брада како велат старите битолчани, односно има снег и минусни температури сепак голем беше бројот на битолчани кои присуствуваа на богослужбата, а потоа “кренаа леб“ за одбележување на денот и за здравје на оние кои денес слават именден и на нивните семејства.По за вршувањето на богослужбата за сите верници беше послужен ручек со посна храна, гравче и риба.

More from БитолаMore posts in Битола »