Српскиот тренер Зоран Тодоровиќ се врати во Битола и започна со подготовка на кошаркарите на Пелистер за престојниот натпревар против екипата на Пелистер, како засилување на стручниот штаб, а за првите впечатоци по 11 години во Пелистер рече:
-Тука ме паметат по добро, по добри резултати, по полна сала, по победите над МЗТ и Работнички и би сакал да биде така повторно, но да бидам искрен тоа сега не е така. Сега е идејата да се опстане во лига и да помогнеме некој “клинец“ од Пелистер да исплива и да продолжи со сериозно занимавање со кошарка.
Кога го запрашавме кој е предизвикот за негово враќање во ваков Пелистер, искрено ни кажа:
-Бев со репрезентацијата на Србија, но имав приватни проблеми мојата ќерка имаше сообраќајна несреќа и 15 месеци бев надвор од кошарката. Фала многу на Господ се се заврши добро, а јас останав без работа во тој период, па сакав да работам, да се вратам во континуитет во тренерската работа, а Битола секако е предизвик. Како ќе се одвива понатаму не знам ни јас сега да кажам нешто повеќе, но едно знам дека се во Битола ми е едно убаво сеќавање, се видов со стари пријатели, со еден збор како да сум дома. Единствени се плашам за резултатите, бидејќи пред 11 години амбициите беа други, сега се други. Би сакал сето да се врати, но сега за сега тоа е тешко.
Тодоровиќ вели дека има проблем околу лиценцата, бидејќи македонската кошаркарска федерација не ја признава лиценцата на ФИБА.
-КФМ не ја признава мојата диплома, лиценцата на ФИБА па затоа ќе морам во Пелистер да бидам советник, но ќе се обидеме заедно да направиме нешто подобро.
За конкуренцијата вели дека ги гледал екипите, но Пелистер е послаб на сите позиции, има само двајца странци, а останатите по четири. Пелистер ќе се проба уште во сабота против Охрид да направи изненадување. Охрид секако е фаворит, не само како домаќин, но ќе се обидеме на кошаркарите да им дадеме некоја нова енергија, иако нема да бидам на клупата.
Околу случувањата во кошарката на Балканот, Тодоровиќ вели дека секаде состојбата не е сјајна, намалени буџети, намален квалитет, но и покрај тешкотиите вели дека ќе работат заедно за подобри резултати на Пелистер и некој од младите да успее да се наметни и да премине во некоја поскапа лига.
Пелистер по девет одиграни кола во домашниот шампионат е на девет место со само една победа и осум порази.






