Press "Enter" to skip to content

Тројца ракометари од Еурофарм Работник ќе се борат за 16 места од вкупно 22 ракометари за на Светското

Од Еурофарм Работник на списокот на Раул Гонзалес се наоѓаат Горан Крстевски, Филип Кузмановски и Филип Чурлевски, а испаднаа Гоце Ојлевски и Никола Маркоски.

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалез, денес  го објави списокот на ракометари кои ќе ги почнат подготовките за Светското првенство 2019 во Германија и Данска.

На списокот за подготовките се наоѓаат ќе ги почнат 22 ракометари кои ќе се борат за место меѓу 16 играчи кои ќе настапат на Светското првенство во јануари.

На овој скратен список ги нема Гоце Ојлевски и Никола Маркоски кои беа на списокот на Гомзалес меѓу 28 избраници за селекцијата.

Ракометарите подготовките за Светското првенство ќе ги започнат во понеделник во 16:30 во хотелот “Александар Палас“ каде ќе биде и првата прозивка.

More from СпортMore posts in Спорт »