Press "Enter" to skip to content

“Пелистерскиот новогодишен базар“ во “Шумски фенери“-настан кој ќе го паметат битолчани (фотогалерија)

Скијачкиот клуб Пелистер во соработка со хотел-Ресторан “Шумски фенери“ кои се дел од Управниот одбор на клубот го организира по прв пат овај “Пелистерски вовогодишен базар“ кој се одржа во посебно подготвениот двор на овој хотел-ресторан, а настанот ќе остане долго во сеќавањата на битолчани кои беа таму, како оригинанел и настан за кој порачаа дека ќе продолжи традиционално.-Собраните средства од настанот ќе допринесат во развојот на скијањето, бордањето, нордиското трчање и останатите ФИС дисциплини на нашите деца, на нашата иднина во Скијачкиот Клуб Пелистер. Целта за организацијата на овој базар не беа само финансиите, туку сакавме преку базарот да поттикнеме омасовување на овај спорт, повеќе деца кои спортуваат во здрава средина, чист воздух, на снег и го развиваат спортскиот дух, ни рече Митко Милевски од скијачкиот клуб Пелистер.И од “Шумски фенери“ не го кријат задоволството од организација и посетеноста на базарот, а Љубица Мушуланова – Ристевска вели:-Пелистерскиот Новогодишен Базар помина. Искрено не можам да си ги дособерам позитивните импресии кои ги собрав во себе. Ова е година за нас, која на наше огромно задоволство ја завршуваме со многу многу убави спомени. Прекрасно е чувството кога правиш едно опшествено добро и огромно е количевството на добрина кое ви се враќа. Скијачкиот клуб Пелистер во соработка со хотел-Ресторан “Шумски фенери“ со цело срце и душа решивме да го голтнеме овој залак кој на крајот ни донесе многу среќа и радост. Го организиравме во 5 дена, траеше 5 цели часа, полни со радост и среќа која се гледаше на секое лице кое го посети нашиот двор за време на базарот, која во име на ски-клубот и ресторан-хотелот  додаде:-Фала ви на сите кои ни подадовте рака, кои ни помогнавте ова да е возможно и прекрасно. “Стоби“ винарија, “Премиум пиво“, “Бимилк“, пекара “Ванила“ пекара “Булевар“, “Долче вита“, “Марели слатки“, “Империјал“, “БМК“, како и на сите кои беа тука и оние кои не можа да дојдат, а ни дадоа голема поддршка. Дел од децата и родителите кои се членови на ски-клубот Пелистер помагаа околу организацијата, донесоа дополнителни колачи за продажба.-Се гледаме до година со подобра организација и со повеќе дена траење на базарот, бидејќи битолчани сакаат да се дружат, да помагаат да уживаат во нови работи за нов, а се надеваме дека идната година ќе се дружиме повторно, со нови содржини, со нови донации за кои веќе и за време на тие неколку часа добивме потврди дека со задоволство ќе бидат дел од базарот, велат Љубица и Митко.Милевски додаде и дека во тек е реновирње на просториите на скијачката куќа во кои простории децата од клубот ќе имаат пристојни услови за подготока  на тренингот и дека скијачкиот клуб Пелистер напорно работи да го вратат клубот на старите патеки, онаму каде што му е и местото на најдобриот спортски клуб во Битола и Македонија, бидејќи клубот кој има дадено тројца олимпијци заслужува повеќе внимание.

Текст и фото: С. Ристевски

More from БитолаMore posts in Битола »