Во рамките на последното, есенско, коло од Првата државна одбојкарска лига битолските одбојкарки на Пелистер Волеј од Струмица се враќаат со победа над домашната екипа Македонија Макс, со убедлива победа од 3:0 по сетови.
За последната победа тренерот Роберт Митковски вели:
-Она што беше зацртано уште пред почетокот на сезоната, во целост е исполнето токму во последното коло во Струмица. Очекувано, совладана е екипата на Македонија Макс, во натпревар во кој не бевме комплетни и игравме без без техничар. Таа улогата ја превзеде младата пионерка Андреа Стојановска која блескаше на целиот натпревар.
По оваа победа екипата на Пелистер Волеј со новоте три бода има вкупно 17 и се искачи на 4 место на табелата.
Сега на девојките им започнува зимска пауза, но за нив нема да има одмор, бидејќи влегуваат во подготовки за пролетниот дел, за пласман во полуфиналето.






