Press "Enter" to skip to content

Прекрасна “Новогодишна џез бајка“ синоќа во Центарот за култура (фотогалерија)

Во полната со публика голема сала на Центарот за култура синоќа беше изведена “Новогодишна џез бајка“ која беше раскажана преку нотите на неприкосновениот “Фрагмент“,со која исполнителите успешно се обидоа да ја разбудат заспаната убавица и бајката за поубава Битола, да ја претворат во реалност.“Новогодишна џез бајка“  ја “раскажаа“ Јасна Мажевска-вокал, Давор Нечак- пијано и клавијатура, Стефан Тасевски-сопран и алт саксофон, Никола Баљари-контрабас и бас гитара , Горан Димитровски- гитара, Марјан Павловски-тапани, а сето тоа во аранжман на Давор Нечак.-Кратки моменти претворени во долги сеќавања, многу желби заокружени со уште повеќе надеж во еден град кој е многу повеќе од ѕидови и згради. Сите ќе ја паметиме годината која ја испраќаме по некоја лична приказна, по некој неостварен сон по чие остварување се уште копнееме, но сите заедно исто така копнееме да се разбудиме во поубава Битола, во која дишејќи со полн здив повторно ќе го почувствуваме мирисот на нејзината душа и ќе ја слушнеме музиката на надежта, порачаа од Центар за Култура Битола и “Божиновски Часовници и накит“ кои го поддржаа овој концерт.

 

More from КултураMore posts in Култура »