Денес на новиот полигон за полагање на практичниот дел за возачки испит започна со работа, а утрово првите кандидати за полагање на возачки испит полагаа пред испитната комисија.
На денешниот прв ден од работата на полигот и првите полагања на на практичниот дел за возачкиот испит на младите кандидати, присуствувааа градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, претседателот на Советот Валентин Груевски и дел од советниците.
Градоначалничката Петровска нагласи дека она што го вети за полигот е остварено и дека во законскиот рок и почитувајќи ги сите законски постапки полигонот е завршен и на битолчани ќе полагаат дел од возачкиот испит, тука во Битола.
Прв кандидат кој на овој нов полигон го положи овој дел од возачкиот испит денес беше Марјан Зисовски, кој за спомен на овој ден доби подарок од Општина Битола, кој му го врачи градоначалнилката Петровска.
Полигот е изграден во Горно Оризари, кај местото кое битолчани го знаат како „економија на затворот“, на државно земјиште донација на општината, а го изгради “Автомакедонија“.
На пологонот ќе се полага покрај за автомобили и за други возила.

Полигонот за полагање возачки испит отворен, Марјан Зисовски прв битолчанец кој положи (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: во училишен двор 11 годишно дете нападнато со остар предмет
- Денес Пелистер во 14,30 ќе “брка “пет од пет“ во плеј-офот
- Одржан УКЛО тривиум 2026, најдобар оратор Марија Стојановска (фотогалерија)
- Во Битола променливо облачно и свежо
- Доделени наградите на фестивалот на монодрама, Гран при за “Ноти“ во изведба на романската актерка Андреа Танасе (фотогалерија)





