Со паѓањето на првиот снег оваа година децата од населбата “Ушици“ ја активираа ски-патеката кај старите Турски гробишта, а на пладне низ улиците се довикуваа „ај на турски“ да се лизгаме.
Најмалите жители на населбата “Ушици“ со своите санки поминаа неколку часа на снегот и го доживеаја зимските радости, а нивните родители се присетија на годините кога тие се санкаа и беа на скии на овој терен.
Родителите сега ги “караа“ децата да не остануваат многу на снегот, а пред годините беа тие кои беа “карани“ од родителите да се приберат дома.





