Press "Enter" to skip to content

Let it snow, let it snow, let it snow… на Широк Сокак (фотогалерија)

Стиховите на безвремениот евергрин на славниот холивудски актер и забавувач, Дин Мартин, најдобро го отсликуваа денешниот снежен ден во Битола. Но, иако времето асоцира на престој во топол дом, цел град беше раздвижен.По новогодишните празници животот како да се врати во нормала и  секојдневната рутина. Така во денешниот снежен ден  без оглед на снегот кој вееше, секој брзаше да ги направи секојдневните обврски. Вработените започнаа со работа со нови надежи за подобро во Новата година и  обврските на работното место. Тие брзаа на или назад од работа.Широк Сокак прекрасен во снежна идила  секако прекрасна за вљубените. Оваа снежна идила со снегулки кои како да играат низ воздухот совршена за фотографирање и селфија во кои уживаат сите.Но, со мракот сите брзааа кон топлите домови и уживање во новогодишните светилки кои секако доаѓаат до израз и одговараат на овој снежен амбиент.Со тоа празниците кои ни доаѓаат Коледе, Бадник, Божик и изреката “Пред Божик зад Божик дома да си“ ќе бидат совршени за празнување во домашна атмосфера со семејството.И на крај за сите вљубени стиховите од евергринот кој за овие празници е секогаш во тренд иако е стар хит.Oh, the weather outside is frightful

But the fire is so delightful

And since we’ve no place to go

Let it snow, let it snow, let it snow…Слушајте го хитот и уживајте во снегот кој паѓа надвор.

Жанета Ристевска

More from БитолаMore posts in Битола »