Уравата на фудбалскиот клуб Пелистер ги интензивира преговорите со фудбалерите на кои смета да бидат засилување на тимот за пролетниот дел.
Денес претседателот на Пелистер, Пеце Стојчевски, и спортскиот директор, Менде Степановски, ги завршија преговорите до Ристе Маркоски и тој веќе е член на ФК Пелистер.
Ристе Маркоски доаѓа од прилепска Победа, каде настапуваше во есенскиот дел, а во Пелистер ќе игра на позиција заден-везен.
Денес или утре, според зборовите на Стојчевски и Степановски се очекува за Пелистер да се потпише уште еден фудбалер, но се уште не го соопштуваат името на новото засилување додека не завршат преговорите.






