Скијачкиот центар е целосно подготвен и екипиран за непречено и безбедно функционирање на ски-терените. Спроведени се редовните технички подготовки и активности за почеток и тек на новата скијачка сезона, извршено е обележување на постојните патеки, а скијачките терени се подготвени со помош на машините за подготовка на скијачките патеки.
За скијање во функција се ставени жичарницата и ски – лифтот во ски – центарот „Копанки“,а ќе работат од 9 до 15,30 часот.
И годинава ќе важат истите цени на ски – билетите. Сезонскиот билет е 4.000 денари, дневен билет чини 300 денари, тридневен 600 денари, билет за едно возење со жичарница чини 100 денари.






