Дел од најверните битолски навивали на македонската ракометна репрезентација и по лошо време тргна за Минхен, Германија, каде ќе ја бодрат македонската репрезентација уште на стартот на светското првенество во ракомет, против репрезентацијата на Јапонија.
На пат за Германија заминаа утрово, а утре ќе ги видиме во салата во Минхен, како и секогаш, како и даваат поддршка на ракометарите во борба за пласман во групната фаза.
Оваа група е присутна на сите поголеми ракометни случувања каде е македонската репрезентација.






