Ракометниот клуб Еурофарм Работник во зимскиот преоден рок, пред настапите во о групната фаза од ЕХФ купот, се засили на десната крилна позиција со црногорецот Мирко Радовиќ, и покрај тоа што не го има изработено договорот до крај.
Црногорскиот ракометар Мирко Радовиќ има 28 години, покрај на десната крилна позиција може да игра и како десен бек.
Радовиќ последно го носеше дресот на Ловќен, а има настапувано уште за Будуќност, Валанс од Франција и Цеглед од Унгарија, а има настапувано и за репрезентацијата на Црна Гора.






