Press "Enter" to skip to content

Капитенот на Еурофарм Работник, Игор Трајковски, го засили Пелистер

По враќањето на Стефан Дрогришки во екипата на ракометниот клуб Пелистер, од Еурофарм Работник, (не)очекувано во Пелистер се врати уште еден ракометар од “противничкиот“, градски, табор.

Се работи на Игор Трајковски, кој оваа пролет ќе биде засилување за Пелистер, како кружен напаѓач (пикер), а на таа позиција настапуваше и во Еурофарм Работник, а беше и капитен на екипата.

Трајковски е ученик на РК Пелистер и ги има поминати сите селекции во зелено-белиот дрес од пионери до сениорката екипа, а има настапувано за Пелистер, Битола и за Еурофарм Работник, а во таа екипа беше од формирањето.

Игор Трајковски имаше повреда на коленото во есенскиот дел, но сега е подготвен да даде максимум во дресот на Пелистер.