Press "Enter" to skip to content

Ски-патеката “Ниже Поле“ атрактивна за ноќно скијање и ново битолско корзо за битолчани (фотогалерија)

Овие денови кога снежната покривка е над еден метар на ски-центрите на Баба Планина, особено ги израдува скијачите, оние кои сакаат спортови на снег и рекреативците. Така на минусните температури кои достигнаа  до -13 степени во вчерашната, саботна ноќ, многу битолчани беа на ски-патеката “Ниже Поле“ и се спуштаа во прекрасната зимска ноќ со звезди и ведро небо и уживаа во скијањето.Ски-патеката “Ниже Поле“ со која стопанисува, јавното претпријатие “Стрежево“ е одлично подготвена, редовно по неа поминува ратрак кој ја рамни, а ски-лифтовите работат беа престанување.

Раководителот на ски-центарот, Горан Марковски за работата на ски-центарот, кој беше таму во доцните вечерни часови, ни рече:-Зимата ја дочекавме со големи врнежи на снег, а моментно на патеката и околу неа има сигурно повеќе од 1,20 метри снег, тоа значи “многу материјал“ и според температурите и како е подготвена ски-патеката, претпоставувам дека ќе имаме долга зимска сезона. Стручната екипа на ЈП “Стрежево“ непрекинато, како што можат да видат и гостите, непрекинато, со тапкаче на патеката и ја уредува за да можат скијачите да имаат одличен терен за скијање. Што се однесува пак до посетеноста, гости имаме од Битола и околните градови, Прилеп, Велес, Кавадарци, Охрид, Ресен, Демир Хисар, а најголем број од нив доаѓаат на ноќното скијање, тоа го гледаме по регистарските таблички и по акцентот на зборувањето, а за ноќното скијање додава:-Ноќното скијање на скијачите и на оние кои уживаат во зимските спортови им нуди атракција, да скијаат на температури кои преминуваат -15 степени, тврда и одлична ски-патека, а потоа да дојдат тука во “Чајџилницата“ да се стоплат со топли напитоци, безалкохолни и алкохолни пијалоци и сендвичи.  Цените се поволни, а топол чај чини 30 денари, еспресо 40, безалкохолни и алкохолни пијалоци 50, а сендвичите од 60 до 100 денари. Дневниот билет е 200 за деца, а 300 за возрасни, а цената на билетот за ноќно скијање изнесува 200 денари. Редовните скијачи можат да набават и сезонски билети по цена од 2.000 денари за деца и 3.000 денари за возрасни.На ски-патеката имаше скијачи од сите возрасти, а покрај оние со скии имаше и оние кои се спуштаа со даски – “сноуборди“. Родителите со деца кои им помагаа на малите деца кои се санкаа на платото пред “Чајџилницата“, кратко се задржуваа надвор и влегуваа на топол чај, а внатре немаше слободно столче да се седне. Меѓу нив и Емилија Костурска која уживаше во скијањето, но беше и во улога на инструктор на малиот Алексеј Поповски, кои учи да скија и слуша се што му се каже и беше среќен што стои на своите првите скии.-Ова е одлично место за битолчани кои уживаат во зимските спортови, а бидејќи ние не се плашиме од студот, можеме да скијаме и на минусни температури ноќе, на ски-патеката “Ниже Поле“. Мораме да ги користиме овие природни убавини, кои ги нуди Баба Планина, а не треба да биде само оваа ски-патека и Копанки, туку треба да има поголеми можности, вели Костурска.На патеката две млади битолчанки, како ни рекоа, не ка пропуштаат приликата кога имаат време да скијаат, а Јована Коцева, ни рече дека доаѓа редовно тука и не ја пропушта приликата да скија, посебно ноќе, но и да ужива со своето друштво на ски-патеката и надвор од неа, на клупите и во “Чајџилницата“.-Тука е зимава ќе биде новото битолско корзо за битолчани, во ноќните часови и ме радува тоа. Ноќното скијање овозможува сите љубители на планината и скијањето по заоѓањето на сонцето да се ужива во пријатна и убава атмосфера на ски-патеката за скијачите и убаво дружење во “Чајџилницата“, вели Благојче Котевски.

С. Ристевски

More from БитолаMore posts in Битола »