Press "Enter" to skip to content

Џудо клубот Пелистер организатор на полагањето за џудо-мајстори, Данови

Деновиве при крај се подготовките за полагање на кое врвните познавачи на џудото за мајстори за оваа вештина или Данови. Полагањето за Данови е во организација на Џудо федерацијата на Македонија, а технички организатор е џудо клубот Пелистер од Битола.

Претседателот на Дан комисијата и еден од најзаслужните за развојот на овој спорт не само во Битола, туку и во државата, Гуро Илиќ, мајстор по џудо вештини, 5 Дан вели:

-Ова е полагање кое  е прво на календарот на Џудо федерацијата и ќе се одржи на 26 јануари во просториите на Будо центарот во Битола. Се уште го немаме конечниот број на џудо мајстрори кои на полагањето ќе покажат и докажат дека се подготвени да бидат едно скалило погоре, според квалитетот кои го имаат. Очекувам да има триесетина кандидати од сите клубови од Македонија, а секако дека ќе има кандидати и од џудо клубот Пелистер, бидејќи според тоа како се работи во клубот и традицијата која ја имаме, Пелистер е најдобриот клуб кај нас со силни тренери.

Илиќ како  претседател на Дан Комисијата ќе биде одговорен за спроведување на полагањето за Данови.