Press "Enter" to skip to content

Јове Стојчевски го извади крстот од осветените води на крстилницата во “Св. Димитрија“ (фотогалерија)

Честа да го извади крстот од осветената вода на крстилницата во црквата “Св. Димитрија“ ја имаше младиот битолчанец Јове Стојчевски, кој има 22 години, од Битола.-По петти пат “скокам“ по светиот крст во крстилницата во црквата “Св. Димитрија“. Многу сум среќен поради тоа што го извадив светиот крст од водите на крстилницата и се надевам дека оваа година ќе ми донесе среќа мене, на моето семејство и на сите жители на Битола, рече по излегувањето од крстилницата, премрзнатиот Стојчевски.Од Владиката Петар, кој го потопи светиот крст во осветената која, која тој ја освети, за подарок, младиот Јове го доби Светото писмо и сребрен крст, а поголем крст доби и од црквата “Св. Димитрија“.Дворот на црквата “Св. Димитрија“ беше претесен  да ги собере големиот број на православни верници кои секоја година, а по светиот крст се “фрли“ и една девојка од Битола.Со централната манифестација чиноначалствуваше Владиката Петар, кој со литија прво ја освети водата во крстилницата во дворот на Црквата, а потоа во него скокнаа дваесетина пријавени верници, а претходно одржа свечена богојавленска литургија внатре во црквата.По повод големиот празник Богојавление – Водици, литургии се служеа во сите православни храмови во Преспанско-пелагониската епархија, а исто така крстот се фрлаше ви сите цркви када имаше голем број верници, кои ги заокружија божикните празници.Со осветувањето на водите завршија некрстените денови кои започнаа со христовото раѓање на Божик.Текст и фото: С. Ристевски

More from БитолаMore posts in Битола »