Press "Enter" to skip to content

Ева Милевска во велеслало, У12, прва со најдобро време од 6 до 16 години (фото)

Дони Петлилков во У16 шестопласиран во велеслалом.

Денес со одржување на првата велеслаломска трка на падините на Маврово, која се одржа во организација на ски-клубот Меденица, започна и ски-сезоната која ја организира Ски федерацијата на Македонија.

Од ски-клубот Пелистер на оваа трка стартуваа двајца натпреварувачи, Ева Милевска во велеслалом во У12 која беше првопласирана, а при тоа го имаше најдобро време во текот н целиот натпреварувачки ден, и кај сите велеслалимистки од 6 до 16 години.За оваа победа Ева Милевски, по враќањето во Битола ни рече:

-Ова е одличен старт на сезоната, со време кое најдобро од сите. Победата е значајна, но е и сериозен тренинг за идните меѓународни предизвици, кои ќе ги имам веќе во петок и сабота на трката на Копаоник, Србија, што ќе биде и вистински тест за мојата подготвеност за оваа сезона.

Дони Петричков трката во категорија У16 беше шестопласиран.Од ски-клубот велат дека на ова трка настапиле со само двајца натпреварувачи, бидејќи се подготвуваат за пелистерскиот велеслалом, кој веќе се договара со Ски-федерацијата на Македонија.