Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Работник го победи Спартак од Суботица

Еурофарм Работник – Спартак 32:25 (16:14)

Ракометарите на Еурофарм Работник продолжуваат со одигрување на контролни натпревари на подготовките во Србија.

Екипата на Ѓорѓе Чирковиќ извојува победа против српскиот Спартак од Суботица со 32-25 (16-14).

Во текот на сите 60 минути есенскиот првак во Суперлигата водеше и победникот во ниту еден момент не беше доведен во прашање.

Шанса добија сите ракометари, со исклучок на Чурлевски, Кузмановски и Крстевски кои играат на Светското првенство во Германија и Данска.

За три дена следи уште еден пријателски натпревар за „фармацевите“, овој пат против Динамо Панчево.