По паузата поради новогодишните и божикните празници и фудбалерите на Пелистер денес започнуваат со подготовките за пролетниот дел, за настапите во Втората фудбалска лига.
Денес на стадионот под Тумбекафе тренерот Дарко Крстески и неговиот помошник Димче Ристевски, ќе ја одржат првата прозивка и на фудбалерите ќе им ги соопштат планот за подготовки.
На прозивката се очекува да се појават и петте засилувања кои управата ги ангажира Љамчевски, Шопоски, Ганчев, Маркоски и Трајчевски.
Екипата на Пелистер заостануваат десет бода зад есенскиот првак во ВМФЛ-Запад, Струга Трим Љум, а со оглед на тоа дека има уште многу да се игра до крајот на сезоната, ќе видиме дали “зелено-белите“ ќе се впуштат во битка за врвот на табелата, која носи и пласман во Првата.
Пелистер официјално го напиушти Благојче Коњарски, а денес ќе видиме дали и други фудбалери ќе добијат раскин на договорот.






