Денес под раководство на тренерот Дарко Крстески и неговиот помошник Димче Ристевски денес на стадионот “Павел Шатев“ или кај битолчани попознат како “Ќумурно игралиште“ екипата на Пелистер во комплетен состав ги продолжи подготовките.
-Денес сме комплетни и започнуваме посеиозно со работа, по првиот ден кој го имавме вчера. Сите се комплетни и како гледате самите работиме под полна пареа. Утре продолжуваме со работа на стадионот во Кравари, за да го чуваме тревникот на Градскиот стадион, а таму ќе работиме во снегот, а токму таков тренинг во оваа фаза на подготовки ни е потребен, вели Крстески.
На “Ќумурно“ беа сите засилувања кои ги има обезбедно Пелистре, Филип Трајчевски, Андреј Петковски, Горан Ганчев, Ристе Маркоски, Петар Љамчевски и Сашо Шоповски, а секако дека се очекуваат и нови засилувања.
С.Р.

Под Тумбекафе пристигнаа сите засилувања, од утре на стадионот во Кравари (фото)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Денес Пелистер во 14,30 ќе “брка “пет од пет“ во плеј-офот
- Екипата на ЕСЗ победник на меморијалниот турнир посветен на загинатите бранители (фотогалерија)
- Пелистер го победи МЗТ сред Аеродром, го симна од првото место и закажа полуфинале со нив
- По триумфот над лидерот, на ред е шампионот, Стајиќ: да продолжиме со добри игри и против МЗТ
- Пелистер ја победи Брера и освои три бода важни за опстанок





