Press "Enter" to skip to content

Усни Исмаили, од младинскиот погон на Пелистер, потпиша прв професионален договор

Новата Управа на фудбалскиот клуб Пелистер денес потпиша прв професионален договор со фудбалер од младинскиот погон на клубот. На договорот ставија потпис претседателот на Пелистер, Пеце Стојчевски и фудбалерот Усни Исмаили.

-Најавивме нов начин на работа на Пелистер, а еве со потпишувањето на договорот тоа и го пошнуваме. Фудбалерите од младинскиот погон ќе бидат под договор со Пелистер, а прв тоа го стори Усни Исмаили, фудбалер кој се истакна во есенскиот дел. Договорот е потпишан на три години, рече Пеце Стојчевски по потпишувањето.

И Исмаили е задоволен од договорот и рече дека ќе стори се да ја оправда довербата која му беше дадена во есенскиот дел, а и договорот со клубот.

Спортскиот дитректор на Пелистер, Менде Степановски, вели дека оваа практика на зачувување на талентите на Пелистер ќе продолжи и понатаму и дека за брзо време ќе се потпишат договори и со неколку други фудбалери од младинската екипа.