Press "Enter" to skip to content

Денес кошарка Пелистер-Работнички, важат есенските блок влезници

Кошаркарите на Пелистер денес ќе го одиграат натпреварот од 13. коло од Првата кошаркарска лига на Македонија. со почеток во 18 часот.

За тренерот Зоран Тодоровиќ ова ќе бид прв натпревар во Битола, оваа пролет,  а како вели иако имало иницијативи повторно да се игра надвор, тој останал на ставот дека Пелистер мора да игра во Битола.

За натпреварот вели дека екипата на Работнички е голем фаворит, но ќе дадат се од себе да се претстават во што подобро издание.

Управата на клубот за денешниот натпревар вели дека ќе важат есенските блок влезници.

-Сакаме да ги известуваат сите љубители на кошарката кои што поседуваат полусезонски карти за домашните натпревари на Пелистер, дека истите ќе важат и во вториот дел од регуларниот дел на сезоната 2018/2019, почнувајќи од денешниот натпревар против екипата на Работнички, вели спортскиот директор на Пелистер, Јовче Христовски.