Пелистер – Работнички 63: 110 (19:31, 15:21, 12:27, 17:27)
Спортска сала “Боро Чурлевски“ во Битола
Гледачи: 300
Судии: Митровски, Терзивски и Петровиќ
Пелистер: Атанасовски 4, Харис 15, Арсовски 5, Голубовиќ 13, Билер 20, Обедниковски, Давков 3, Захариевски, Талевски 3, Трајковски, Трсунов, Ѓорѓиевски.
Работнички: Николовски 13, Мираковски 9, Стајиќ 17, Б. Крстевски 11, Костов 40, Јаневски 6, Д. Крстевски 2, Чековски, Караџовски, Доевски, Ефремовски 12, Јордановски.
Уште пред да почне натпреварот против екипата на фаворитот Работнички, “пелистерци“ немаа амбиции да победат, туку едноставно да одиграат еден добар натпревар, каде нема да доживеат висок пораз. Но, за жал беа поразени со 47 поени од Работнички, каде гостите беа доминатни во сите четвртини.
Победникот на дуелот беше познат по првата четвртина, кога “романтичарите“ со пеколен напад стигнаа 31-19. Потоа од минута во минута водството на гостите се зголемуваше, а на крајот дојдоа до превисоки 47 поени разлика.
Бугаскиот кошаркарски интернационалец Чавдар Костов на своето салдо прокнижи 40 поени на паркетот во Битола, а кај “пелистерци“ Билер запиша 20 поени, Харис 15 поени, а Голубовиќ 13 поени.
Во регуларниот дел на сезоната.Работнички останува на врвот на табелата, а Пелистер има 2 победи и 10 порази.






