Press "Enter" to skip to content

На Славјански денес продолжува младинскиот шаховски турнир “Державин“ (фото)

На турнирот играат 83 кандидати од земјата од кои дури 42 наптреварувачи имаа рејтинг над 1000.

Вчера и денес се игра првиот ден од младинскиот шаховски турнир „Державин“ во организација на Меѓунарониот Славјански универзитет “Г.Р. Державин“ кој по трет пат се одржува во Битола.На свеченото отворање на турнирот покрај организаторот, зедоа збор и Сашко Павловски, претседател на шаховскиот клуб „Стево Патако“ – Битола, а турнирот официјално го отвори Валентин Груевски, Претседател на Совет на Општина Битола.

Судиската тројка предводена од Тони Кировски беспрекорно ги води сите натпревари во шесте кола кои беа предвидени за денес.Денес, турнирот продолжи од 10 часот, со тоа што ќе се одиграат останатите 5 кола, за на крај да се доделат наградите за најдобрите по возрасните категории U8, U10, U12, U14, U16 и останатите.

Турнирот е рејтингуван и пријавен во Светската шаховска федерација.