Press "Enter" to skip to content

Пеце Стојчевски: делегација на ЦСКА, предводена од Пламен Марков, во посета на Пелистер

Она што го најави претседателот на фудбалскиот клуб Пелистер, Пеце Стојчевски, на првата прозивка на фудбалерите пред една седмица, а некои изгледаше невозможно ќе се случи утре. Делегација на софискиот фудбалски клуб ЦСКА од Бугарија утре ќе бидат гости на ФК Пелистер.

-Претставниците на фудбалкиот клуб ЦСКА од Софија, предводена од еден од челниците, Пламен Марков, поранешниот селектор на репрезентацијата на Бугарија, е веќе во Битола и ги договараме деталите околу утрешниот ден. Прво ќе одржиме работна средба во Општина Битола, со градоначалничката – Наташа Петровска и претседателот на Советот – Валентин Груевски, а потоа заедно ќе бидеме на тренингот на фудбалерите на стадионот. Потоа ќе имаме заедничка средба во ресторанот “Корзо“, каде и ќе ги соопштиме деталите од средбата, вели Пеце Стојчевски, претседател на ФК Пелистер.

Како и на кој начин ќе се оствари идејата за збратимување на двата клуба позанти во своите држави Пелистер и ЦСКА ќе дознаеме во наредните денови.

Инаку, ЦСКА (Центален спортски клуб на армијата) е еден од најстарите фудбалки клубови во Бугарија, офоцијално формиран во 1948 година.