Press "Enter" to skip to content

Андреј Велјановски победник на шаховкиот турнир “Державин“ (фотогалерија)

Со одигрувањето на вториот ден, од третиот по ред, шаховскиот турнир “Державин“ кој беше во организација на Меѓунарониот Славјански универзитет “Г.Р. Державин“ се одигра 11 кола, а потоа беа доделени наградите најдобрите, а најдобар беше Андреј Велјановски со 10 од 11 бода.Во генерален пласман, покрај Андреј Велјаноски, второпласиран е Мартин Николовски со 9 поени, Петар Стојанов Птоломеј со 8.5 поени беше трет. Четврто место Антон Златков, петта Јана Анѓелкоска и шести Константин Лушески.Тројцата најдобри добија златна, сребрена и бронзена плакета, а шесте најдобри шахисти на турнирот добија парични награди.Во најмалата возрасна категорија U8, најдобар беше Никола Петковски, Иан Стевков беше втор, трет Максим Митревски.Во U10, Калин Андреи беше прв, Кирил Николовски втор, Андреј Иванов, трет.

Во U12, Залатков Антон најдобар, Никола Павковски втор и Јулиан Матески трет.

Во категоријата U14, Константив Лушески беше прв, Иван Велковски втор и Матеј Звездакоски трет.

Во U16, Јана Ангелкоска беше прва, Марјан Христовски втор, Хедон Мифтари го освои третото место.

Во категоријата девојки, најдобра беше Викторија Велеска, Михаела Зрмановска втора и Инџи Златкова трета.Организаторот на турнирот, Игор Михајловски, раководител на Славјанскиот Универзитет, за турнирот рече:

-На третиот турнит се одиграа вкупно 11 кола во двата дена, а учествуваа 83 млади шахисти. Беа доделени вкупно 24 награди и дипломи, а благодарници добија сите учесници. Беа изиграни квалитетни мечеви што е најбитно,  беа  мотивирани многу млади лица да продолжат да нуркаат во убавините на шаховската игра. Се надевам дека овој турнир ќе биде “инфузија“ за битолскиот шах и регрутација на нови членови во клубот.Од Славјански упатија благодарност до сите млади шахисти кои допатуваа во Битола со своите родители иако времето првиот ден беше навистина лошо, вработените кои учествуваа во реализацијата на овој турнир да биде совршено одработен, а пред се Тони Кировски кој помогна во осмислувањето и реализацијата, како и Сашко Павловски-претседател на ШХ “Стевче Патако, Валентин Груевски-претседател на Советот на општина Битола, како и други кои помогнаа во организацијата.Михајловски го најави и наредниот турнир во 2020 година, за кој вели дека очекува да има меѓународен карактер.