Press "Enter" to skip to content

Фото вест: со “огнени топови“ се затоплува спортската сала

На последниот кошаркарски натпревар на Пелистер теренот на спортската сала “Боро Чурлевски“ се затоплуваше со “огнени топови“ кои за прв пат беа поставени, а колку-толку се загреа воздухот за “нормално“ одигрување на натпреварот. А колку може да се загрее сала изградена пред 40 години без никаква изолација и на која секогаш нешто се поправа.

Според луѓето кои работат со “огнените топови“ има доволно снага малку да се затопли салата, за да има температура на која може да се игра и тренира. Според нив треба да има четири “огнени топа“, а треба да бидат барем два часа пред натпреварот или тренингот.“Огнените топови“ работат комбинирано на електрична енергија и на нафта, а иако согорува во теренот, нема емисија на штетни гасови, а топлиот воздух излегува со голема температура и на десетина метри. Единствена, “штетна“ страна е тоа што секој од нив троши по 15 литри нафта за еден час работа.

Во салата покрај “огнените топови“ работат и неколку калорифери на електрична енергија кои се поставени на ѕидовите и на подот, но сето ова  е само импровизација без ефективен систем на греење, а не ретко со салата е поладно од надвор.