Press "Enter" to skip to content

И официјална најава за првиот меч на Еурофарм Работник во ЕХФ Купот  

Ракометарите на Еурофарм Работник идната сабота ќе го играат првиот, историски, ракометен натпревар во ЕХФ Купот, против екипата на Хановер.

Иако по ждрепката во Виена, ЕХФ го објави и распоредот на натпреварите од групата “Б“,  а беше оставена дилема дали на 9 или 1о февруари, сега се знае ќе се игра на 9 февруари, во сабота.

Еурофарм Работник обезбеди пласман во групаната фаза по победата на швајцарската екипата Берн, со победи во двете средби, а во “Б“ групата, ќе игра против екипите на бундеслигашот Хановер, унгарска Татабања, хрваткиот претставник екипата на Нексе Нашице. 

Во Битола прв гостува унгарскиот тим Татабања (16 или 17 февруари).