Денес во ресторанот “Путник“ се одржа редовното Собрание на Општинскиот фудбалски сојуз на Битола, на кој за старо-нов претседател е реизбран, Златко Талевски.
На Собранието присуствувале 30 делагати на ОФС Битола, од вкупно 39 делагати. Сите присутни 30 делагати му искажале поддршка на досегашниот претседател Златко Талевски.
Златко Талевски и реизбран за претседател на ОФС Битола до 2021 година, односно со мандат од две години.
Талевски е долгогодишен фудбалски работник и е член на Управниот одбор на ФФМ.
Исто така делегатите на ОФС Битола им укажаа доверба и на Управниот одбор на ОФС Битола.
На собранието присуствуваа и претставници на Фудбалската федерација на Македонија, каде дава делегати и ОФС Битола.
Сега погледите се насочени кон престојното Собрание на ФФМ кое треба да се одржи на 17 март во Охрид.






