Пелистер – Блокотехна 66:81 (19:21, 16:19, 16:24, 15:17)
Спортска сала “Боро Чурлевски“ во Битола
Гледачи: 500
Судии: Мијалковски, Бошковски и Јакимовски
Пелистер: Арсовски 4, Давков 11, Голубовиќ 19, Харис 9, Билер 17, Захариевски 2, Атанасовски, Трајковски, Талевски, Обедниковски, Ѓорѓиевски, Богдановски 4.
Болкотехна: Главчев 12, Николиќ 15, Мијатовиќ 22, Пен 7, Глигоријевиќ 5, Делипетров, Колев, Левковски, Младеновиќ 6, Лазаревски, Колев, Гаидус 14.
Последниот натпревар од 13. коло на Првата кошаркарска лига, помеѓу Пелистер и Блокотехна се одигра во Битола, а во тврд и тактички натпревар победи поквалитетната екипа на Болкотехна од Гевгелија, која во текот на целиот натпревар беше во предност, која ја зголемуваше од минута во минута.
Првите две четвртини завешија со предност на гостите од 6 поени, а во тој период од 20 минути Пелистер постави добра одбрана, но екипата на Тодоровиќ не ги “затвори“ прецизните стрелци, кои ја донесоа предноста, предводени од Мијатовиќ.
Третата четвртина беше во знак на Мијатовиќ кој погодуваше и резултатот беше 16:24, со што гостите ја заверија победата. Четвртата четвртина беше изедначена резултатски, Пелистер на моменти покажуваше добра игра, но бодовите заминаа за Гевгелија.
Најдобри стрелци кај Пелистер се истакнаа Голубовиќ со 19 и Билер со 17 поени, а кај гостите Мијатовиќ со 22.






