Press "Enter" to skip to content

Десен бек, ново засилување за Еурофарм Работник, против Хановер

Босанскиот интернационлец, Невен Стјепановиќ е нов член на битолскиот суперлигаш Еурофарм Работник.

Стјепановиќ игра на позицијата десен бек, висок е 199 сантиметри и зад себе има дебела интернационална кариера. Пред да дојде во Еурофарм Работник, Стјепановиќ настапуваше за Локомотива Брчко, Железничар Ниш, Војводина, Спортинг и Духаил во Катар.

Овој ракометар поминал низ сите репрезентации на БиХ, од кадетската до сениорската и од денес ќе му се стави на располагање на тренерот Ѓорѓе Чирковиќ.

Неговото деби во новата средина се очекува в сабота кога Еурофарм Работник гостува кај бундеслигашот Хановер во рамките на првото коло од група “Б“ на ЕХФ Купот.