Press "Enter" to skip to content

Две победи на пионерките на Пелистер волеј на селекционен турнир за репрезентација

Совладани екипите на Форца Ема и минатогодишниот шампион Вардар, со идентичен, максимален резултат, Пелистер Волеј – Форца Ема 2-0 (21:18; 21:19) и Пелистер Волеј – Вардар 2:0 (21:18; 21:18).

Пионерската екипа на Пелистер Волеј учествуваше на селекционен турнир во Скопје, во организација на ОФМ од кој ќе произлезат идните репрезентативки на Македонија во најмалата категорија – пионерки.

На турнирот учество зедоа 8 екипи во две групи. Во групата на Пелистер, се најдоа и екипите на Форца Ема (Скопје), Вардар (Скопје) и УГД Студент (Штип).

Во првиот дел во првиот натпревар ја победија силната екипа на Форца Ема со максимални 2:0, во кој девојките покажаа високо ниво на игра.  Во завршниот дел од турнирот беше победен минатогодишниот шампион на Македонија, екипата на Вардар од Скопје, исто така со максимален резултат од 2:0. И на овај натпревар, Пелистер одигра доста мотивирано и маестрално. Во вториот сет имаше и големо водство од 18:9, но по малото  опуштање на крајот сепак не беше дозволено изненадување.

Во паузата на турнирот кој беше во организација на ОФМ се одржа и работен состанок на тренерите заедно со претседателот на федерација во кој беа сублимирани мислењата за квалитетот и нивото на игра за оваа категорија.
Исто така беа разгледани можностите за формирање на А селекција во иднина.

Во исто време во салата на Јанта Волеј, сениорките одиграа пријателски натпревар со минатогодишниот шампион. Одиграни се четири сета.
Пелистер Волеј – Јанта Волеј (25:23; 18:25; 25:22; 10:15). Пред стартот на натпреварот и онака некомплетниот Пелистер дополнително ги загуби коректорот и средниот блокер кои се здобија со полесни повреди.
Тренерите одлучија тие да не го продолжат натпреварот и повредите да се залечат до стартот на првенството кој е најавен за 16 Февруари.