Press "Enter" to skip to content

Едукаторите од бивша Југославија се обединуваат за враќање на достоинството и вредноста на учителската професија

“ANN_EX_YU“, новата меѓународна асоцијација на најдобри едукатори на чело со основачите, Весела Богдановик од Македонија и Жељана Р. Лукич од Србија и 12 соосновачи од неколку држави, која за миг ја собра образовната елитата на поранешна Југославија на едно место.

Во подготовка е првата конференција со наслов „Образованието ги брише границите“, за вмрежување на првите полноправни членови од првиот пресек на пријавени апликации, но и предавања и дебати на неколку мошне интересни теми: предности кои произлегуваат од вмрежувањето на наставниците, социјалните мрежи и достапноста на примери на добра наставна пракса, инспирација или замка, ентузијазмот во образованието, предност или мана и  лидерство во образованието за афирмација на наставничката професија.

-“ANN_EX_Yu“ е асоцијација на најдобрите наставници од просторите на бивша Југославија, која ја формиравме со цел да овозможиме брзо и ефикасно обединување, вмрежување и соработка на сите ентузијасти кои се подготвени да ја продолжат мисијата за промена на сликата на образованието, да останат мотивација и модел за следење, да го вратат угледот на професијата која веќе долго време го губи звоето значење, ги демотивира-наместо да ги мотивира вработените во сите степени на образование. Со нас се 12 почитувани членови од различни поранешни Југословенски републики, вработени во различни степени на образование. Секој од нив вреден за почит, достоен за пример и модел кој треба да се следи, вели Весела Богдановиќ.Полноправните членови кои масовно се придружуваат на оваа отворена иницијатива, се просветни работници од повеќе држави кои преку самооценивање и оценување ја поминале строгата селекција на колаж од стручни компетенции кои треба да ги поседува едукаторот кој има моќ да предизвикува позитивни промени и да биде лидер вреден за почит и пример.

На прашањето зошто се одлучиле на овој чекор, Богдановиќ вели:

-Со години лесно соработуваме со светот вложувајќи ги своите идеи во соработка со колеги и институции ширум земјината топка. Силното вмрежувањето на едукаторите од бившите ЈУ простори беше интересен предизвик и мисија која наиде на широко отворени врати, независно од тоа за кои држави од бивша Југославија се работи. Зборуваме на јазици со кои лесно се разбираме, а јазикот на кој зборуваме за нашите “сопки“ кои ги доживуваме е наш заеднички, скоро идентичен. Секој од нас, на некој начин, искусил како успехот се почитува надвор, а дома “тешко се простува“, но останал истраен за сметка на својата способност да се спријателува со најдобрите и да црпи енергија од взаемна поддршка, соработка и почит со оние кои ја знаат цената и влогот на успехот и трудот. Социјалните мрежи, лични “msn“ кажувања на маките за сочувство на слични проблеми и тажни емотикони врз објави за одлуки и постапки кои ја понижуваат нашата професија, не се вистинки пат кон позитивни промени ниту глас за ново утре. Ова е нешто што со години се очекуваше, но чекорот не беше направен.

На 1 и 2 март во Скопје ќе се организира првата регионална конференција на “ANN_EX_YU“, но бројот на пријавени кои можат да присуствуваат е ограничен иако бројот заинтересирани е видливо голем.-Да, на наша огормна радост интересот за овој настан е огромен. Од друга страна интересот за вклучување во членството на “ANN_EX_YU“ е толку голем што одлучивме приемот на членови да го организираме етапно, во периоди и пресеци за пријава и прием, на повеќе конференции на различни простори на бивша Југославија, за достоинствено обележување на нивното приклучување и доделувањето на признанијата “Најдобри екс ЈУ едукатори“. Поради огромниот интерес следните конференции кои ќе се случуваат ќе бидат прилика за следење од страна на голем број на заинтересирани колеги. Ова е наша прва средба во живо и затоа одлучивме да имаме средба во потесен круг, за подобар фокус и прецизна организација на нашите следни чекори кои носат огромна одговорност кон голем број на апликанти. Верувајте, дури и оној кој успеал да стане рамноправен член без титула во моментов, задоволува огромен број на стручни компетенции кои го издигаат на ниво различно од колегите, кои во овој миг не ги исполниле критериумите за полноправен член. Ние имаме одговорност да искажеме почит кон неговиот огромен труд и иницијативи за креирање на нашите следни активности, додава Богдановиќ.

Секако има поддршка за оваа иницијатива, но организаторите наидуват на пречки за подготовките на првиот настан.

-Навикнати сме на „тапкање по рамо“. Знаеме дека можеме да се потприме само на поддршката што едни на други си ја даваме, и сите сме одлучни дека тоа ни е сосема доволно. Од првиот ден имаме многу повеќе од тоа и тоа токму од страна на оние кои со години препознаваат и поддржуваат добри намери. Конкретно кај нас “Просветно Дело“ во целост ја поддржа нашата прва конференција, фондацијата “Чекор по чекор“ ја препозна големината на нашата идеја и срдечно застана на наша страна, а проф. д-р Кирил Барабарев ни укажа чест и доверба да биде наш амбасадор. Со нивна логистика и совети успеваме да изведеме “феномен“ организирајќи меѓународна конференција во рок од само еден месец, затоа што немавме трпение да чекаме нов рок, согласно брзината со која растеме.

Неколку училишта од Скопје нудат прилика за прием и студиски посети на гостите кои доаѓаат од Хрватска, Босна, Цртна Гора, Србија, а ДКЦ Скопје овозможи запознавање на гостите со неформалното образование во РМ и неговите позитивни влијанија. Наставниците од нашата земја се јавуваат и нудат помош искажувајки го своето расположение да дадат свој придонес за одлична реализација на настанот и прием на гостите од другите држави.

-Тука не станува збор за просечни едукатори, тоа се лица за кои сме чуле и слушаме за нив, колеги со кои се гордееме со години, спремни да помогнат за реализација на секоја идеја иако и самите водат слични иницијативи на различни нивоа, вели Весела Богдановиќ , која за жал иако е основач и организатор, поради неодложна работна посетна на Турција, нема да биде присутна за време на настанот на кој работи, како ни рече од срце, но, верува дека ова ќе биде одличен почеток, на се она што ги очекува сите заедно во иднина.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *