-Екипата на Металург во Битола да го подигна пехарот за најдобра екипа во Македонија во сезоната 2013/14 година, иако тоа не им беше по мерак, сепак, околу 2.000 битолчани со аплауз го поздравија првакот во Супер македонската ракометна лига, а секако аплаузот беше упатен и кон ракометарите на Пелистер, кои одлично и многу борбено одиграа против првакот, иако победникот беше познат пред да започне натпреварот, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Екипата на Металург не дозволи ниту во еден момент да биде загрозена победата во Битола и со тоа да ја изгубат титулата, бидејќи ако загубија првак ќе беше повторно Вардар.
Екипата на Лино Червар покажа дека со право е меѓу најдобрите европски екипи.
Од друга страна екипата на Игор Николовски, Пелистер, се покажа како добра екипа, а со помош на навивачите покажаа дека има иднина во оваа млада екипа.
Медалите на екипата на Металург им ги доделија директорот на Агенција за спорт и млади Марјан Спасевски и претседателот на Пелистер, Сашко Павловски.
На капитенот на Металуг, Ванчо Димовски, му го врачи и големиот пехар за освоенатата титула.

Деновиве пред 10 години: екипата на Металург промовирана за првак во Битола (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Денес затворање на Фестивалот на монодрама со доделување награди и претставата “Гидионовиот јазол“
- Денес, 10. седница на Советот на Општина Битола
- Во Битола сончево, температурата до 23 степени, од утре заладување
- Зоран Стојчевски е назначен за претседател на Општинската организација на СДСМ Битола
- Четворица јавачи на импровизацијата на Меѓународниот ден на џезот Битола 2026










