Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Работник ги пушти во продажба влезниците против Татабања

Цената е само 150 денари, а “фармацевтите“ очекуваат полни трибини и поддршка на историскиот натпревар во Битола.

Ракометниот клуб Еурофарм Работник ги пушти во продажба билетите за првиот домашен натпревар од “Б“ групата на ЕХФ Купот против Татабања, кој е закажан за идната недела, на 17 февруари со почеток во 19 часот, во спортската сала “Боро Чурлевски“.

Билетите се продаваат на три продажни места во Битола:

-“Тобако Вагабонд – Brother tobacco“ на Широк Сокак,

-“Тобако Снеки нова“ на градското шеталиште и

-“Тобако All in one“ во новиот пазар.

Еурофарм Работник се одлучи љубителите на ракометот да может по рекламна цена од само 150 денари да го купат својот билет.

Во меѓувреме овој викенд битолчани ќе дебитираат во гости, на теренот на Хановер во Германија, в сабота од 19,30 часот.