Ракометарите на унгарската екипа Татабања, утрешниот противник на екипата на Еурофарм Работник, во рамките на второто коло од групната фаза во “Б“ групата, од купот на ЕХФ, пристигнаа во Битола.
Ракометарите на унгарскиот лигаш се сместени во хотелот “Епинал“, каде го имаа и ручекот во градската кафеана.
По ручекот, како ни рекоа се подготвуваат за тренингот кој ќе го имаат попладнево во спортската сала “Боро Чурлевски“.
Натпреварот Еурофарм Рабоник – Татабања ќе се игра утре, недела со почеток во 19 часот.






