Press "Enter" to skip to content

Битолчани докажаа дека сакаат ракомет, но ракометарите на Еурофарм Работник ги разочараа (фотогалерија)

Битолските љубители на ракометот и навивачите на Еурофарм Работник ги наполнија трибините во спортката сала “Боро Чурлевски“, со купени влезници на половина час беа на трибините и со нетрпение го чекаа почетокот на од второто коло од групната фаза во “Б“ групата.Додека љубителите на ракометот направија атмосфера која би ја посакал секој ракометен клуб, ракометарите на Еурофарм Работник ги разочараа повеќе со лошата и игра, отколку со резултатот кој е во корист на гостите со 10 гола разлика.На трибините немаше атмосфера која наликува на онаа која сме навикнале бидејќи атмосферата повеќе беше “скандинавска“ беа навивање, но публиката знаеше кога да му помогне на “фармацевтите“, кога му беше најтешко.На трибините беше и Сијлан Мицевски – Циле сопственикот на ГП “Пелистер“ и спонзор на екипата на Еурофарм, потоа сопствениците на “Еурофарм“, други спонзори, како и познавачи на ракометот од Битола.Се на се, убава ракометна атмосфера во салата “Боро Чурлевски“, со лош крај, а сето тоа низ нашите фотографии.

Фото: Сашо Ристевски

More from СпортMore posts in Спорт »